Почетна Вести Свет Папа Франциск би можел да го посети Ирак?
Папа Франциск би можел да го посети Ирак?

Папа Франциск би можел да го посети Ирак?

82
0

Папа Франциск би можел да го посети Ирак на еден ден. Оваа како можност го најавил Халдејскиот патријарх на Багдад, Луис Рафаел Сако, на претставувањето на новата иницијатива на Папската фондација „Помош за Црквата во неволја.“

Патрирахот Сако потврдил дека при посетата на Ватикан ја претставил програма за евентуална еднодневна посета на Папата на Ирак. Посета би го опфатила античкиот град Ур.

-Папата Фрациск е многу добро информиран за ситуацијата во Ирак и е подготвен да ја посети земјата. За сега тоа нема да биде можно поради тензиите меѓу Курдите и Арапите, нестабилната внатрeшно-политичката ситуација и безбедноста, рекол Халдејски патрирах.

Инаку новата иницијатива на Папската фондација „Помош за Црквата во неволја,“ е  истовремено на 24 февруари биде осветлен во црвено Колосеумот во Рим и две цркви во Мосул, Ирак и Алепо, Сирија за да се потсети на прогонетите христијани во светот.

Сега христијаните се половина милион, а пред војната бевме милион и половина. Имаме потреба од поддршката на црквите на Западот. Херојскиот пример на прогонетите христијани, исто така, треба да им служи на христијаните од Запад за да ја преиспитаат своја вера, рекол патријархот Сако.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *