Почетна Вести Европа Падна одлука – Света Софија ќе биде џамија
Падна одлука – Света Софија ќе биде џамија

Падна одлука – Света Софија ќе биде џамија

435
0

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска потпиша декрет со кој музејот „Аја Софија“ во Истанбул повторно станува џамија.

Ова следи откако турскиот Висок административен суд ја поништи одлуката на Советот на министри од 24 ноември 1934 година за пренамена на „Аја Софија“ од џамија во музеј.

Турскиот претседател на Твитер го објави потпишаниот декрет истакнувајќи оти е донесена одлука контролата над џамијата Аја Софија да се предеде на турската верска дирекција и да се овозможи богослужба.

Света Софија беше најголемата христијанска црква, изградена во шести век од Византијците, а во џамија беше претворена по османлиското освојување на Цариград, денешен Истанбул, во 1453 година. Статусот од верски објект во музеј беше променет со указ во 1934 година од тогашниот турски претседател Мустафа Кемал Ататурк.

УНЕСКО ја повика Турција да не го менува нејзиниот статус без договор.

Исламистите во Турција долго бараат „Аја Софија“ да стане џамија, но секуларните сили се против тој чекор.

Предлогот предизвика критики од страна на верските и политички лидери во светот. Поглаварот на источната православна црква и самата Грција како држава го осудија тој предлог.

Вселенскиот патријарх Бартоломеј, духовниот лидер на околу 300 милиони православни христијани во светот чие седиште е во центарот на Истанбул, рекол дека таквата пресуда ќе ги разочара христијаните и ќе го подели Истокот и Западот. Според првиот човек на Руската православна црква, пак, оваа одлука му се заканува на христијанството.

И САД ја повикаа Турција да го задржи статусот на музеј на „Аја Софија“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *