Откако СПЦ го одликува Вучиќ, тој го одликува Буловиќ со највисок орден

Date:

Share post:

Бачкиот митрополит Иринеј,доби високо државно одликување – Сретењски орден од прв степен, на Денот на државноста на Република Србија, одржана на 16 февруари во Палатата „Србија“ во Белград.

Сретењскиот орден од прв степен на митрополитот му го врачи претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за, како што се наведува во образложението, активен придонес во духовниот развој на Бачката епархија, унапредување на христијанската култура и уметност, како и за посветена работа на поврзување личности и институции посветени на негувањето на христијанскиот културен идентитет…

-Почитуван господине претседателе, најнапред би го замолил Неговата Светост, нашиот патријарх, да даде свој благослов накратко да се обратам со зборови на искрена и топла благодарност за ова високо признание, кое сметам дека лично и не го заслужувам, строго според мојата мера, бидејќи сум само, како што знам и умеам и колку што можам во дадените околности на денешницата, кои Вие пред сите нас ги оцртавте, го работел она што сум должен да го правам како епископ на Српската православна црква и како свештенослужител на Црквата воопшто. Сепак, би сакал да нагласам дека со благодарност и радост го прифаќам ова високо признание на својата држава, нашата држава Србија, како држава на српскиот народ и на сите други луѓе и народи кои со нас го делат истиот и заеднички животен простор. Покрај духовните вредности и духовната компонента, ако сакате, и духовниот ’рбет на нашиот народ, кој во најголем дел низ вековите го формира, обликува, создава, подмладува и овековечува, како што убаво рековте, Светата и Светосавска црква, ние во исто време сметаме, а мислам дека тоа е и општа свест во нашиот народ, во нашата држава и кај севкупното српство во непосредното опкружување и ширум светот, дека нашата Црква не е единствениот – тоа би било премногу претенциозно да се мисли – но еден од најзначајните и најважни носечки столбови на нашиот идентитет, нашата историја и, во крајна линија, и нашата државност, истакнал Иринеј.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img