Почетна Вести Христијанство Отец Пимен: Столе Стоилов треба да е почитуван како човек што цврсто стои на својот став
Отец Пимен: Столе Стоилов треба да е почитуван како човек што цврсто стои на својот став

Отец Пимен: Столе Стоилов треба да е почитуван како човек што цврсто стои на својот став

805
1

Отец Пимен денеска порача дека спротивставеноста на ставовите може да води само напред, а не претопувањето во масата под влијание на медиумите. Тој искажа поддршка за капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов како шампион кој ни донел многу радости.

-Почитувајте луѓе и со дијаметрално различен став од вашиот. Барем го имаат. Чувајте се од оние што го немаат и ги води толпата за да се чувствуваат силни и безбедни .Не ја уништувајте почитта и заслугите на други полиња на реализираните личности само поради нивните ставови. Немојте да бидете спремни и другарства да згазите поради спротивните ставови. Спротиставеноста на ставовите може да нè води напред, а не топењето во толпата под влијание на медиумите. Столе Стоилов треба да е почитуван од секого како шампион кој ни донел многу радости, но и како човек што цврсто стои на својот став и не се плаши од тоа.

Капа долу Ел Капитано!, напиша Пимен.

Коментар(1)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *