Околу 500 деца на традиционалниот божикен ручек во Прилеп

Date:

Share post:

Денеска, на Божик околу 500 деца од повеќе општини присуствуваа на традиционалниот божикен ручек што во Прилеп по 20. јубилеен пат го организираше невладината „Детската амбасада за сите деца во светот“.

Ручекот беше организиран на пладне во прилепскиот ресторан „Симфонија“ каде на заедничката божикна трпеза беа деца од повеќе целни групи од Прилеп, Битола, Скопје, Куманово, Тетово, Струмица, Охрид, од Штип и од други градови и општини.

„И годинава, нашата порака е во рамките на нашето мото „Едно небо за сите деца“, а тоа значи децата да се почитуваат помеѓу себе, да нема дискриминација и насилна комуникација, да преовладува толеранцијата и сите ние заедно да придонесуваме кон градење на нашето општество бидејќи децата се нашата иднина. Вредностите кои се промовираат со самиот настан се: еднаквоста, љубовта и мирот помеѓу децата. Тоа, пак, води до нашиот постулат на програмските задачи на Детската амбасада дека сите деца се исти и еднакви во остварувањето на нивните права, односно дека ништо не е позначајно од среќата на детското лице, па затоа на оваа божикна трпеза заедно се дружат деца од другите верски заедници, од исламската, католичката, еврејската и евангелско-методистичката, кои заедно ќе се дружат и ќе празнуваат, рече Александра Северкоски Стојаноска, извршен директор на „Детска амбасада за сите деца во светот“ со седиште во Прилеп.

Оваа година ручекот  го благослови викарниот Архиереј на Преспанско -пелагониската епархија, г. Никола, а на сите деца прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски им додели пакетчиња.

„Божиќ нè потсетува дека не постојат разлики, туку постојат само наши деца. Тие се нашата сегашност и нашата иднина, а преку нив празникот ја добива својата вистинска смисла. Дарувањето, љубовта и добрината се најголемото богатство што можеме да го споделиме, денес и секој ден. Општина Прилеп и понатаму ќе продолжи да ги поддржува ваквите хумани и значајни иницијативи, кои го негуваат детството, солидарноста и човечноста. Нека божиќната светлина ги осветли нашите домови и срца, нека ни донесе мир, здравје и радост, и нека нè води кон поголемо разбирање и човечност“-истакна градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.

/Тера ТВ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img