Ограбена црква во Брњарци
173
0
1300 денари е штетата што ја направил, засега непознат сторител, кој ја обил и црквата „Св. Петар и Павле“ во село Брњарци.
Кражбата се случила во четвртокот, кога непознатиот сторител кој со употреба на погоден предмет ја обил влезната врата, влегол внатре и од ормарот каде се продаваат свеќи одзел околу 1300 денари, по што го напуштил местото на настанот.
МВР презема мерки за пронаоѓање на сторителот.