Почетна Вера МПЦ-ОА Одбележан патронот на манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во Кнежино
Одбележан патронот на манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во Кнежино

Одбележан патронот на манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во Кнежино

282
0

Манастирот „Свети Ѓорѓиј Победоносец“ во село Кнежино, денес го одбележа својот патрон, кај народот познат како„ Ѓурѓовден“.

Во манастирската црква беше отслужена Света Божествена Литургија од страна на свештенството на Кичевското архиерејско намесништво.

Потоа во новоизградената трпезарија беше организиран манастирски ручек, или таканаречена „Трпеза на љубовта“. Во текот на денот новиот кум на манастирот Ивица Мисајлески, ја презеде улогата во наредните 12 месеци да му служи на овој манастирот и на верниците кои доаѓаат тука.

-Пресреќен сум што од денес ја презедов улогата на кум во манастирот„ Свети Ѓорѓиј Победоносец“. Овој манастир многу ми значи и на мојот син му го дадов името Георги. Од секогаш сум бил поврзан со овој манастир и со христијанската вера, а обврската да бидам манастирски кум ја прифатив со големо задоволство – рече, по свечениот чин новиот кум на манастирот, Ивица Мисајлески.

Покрај многубројните верници од Кичево и кичевско кои денес го посетија овој манастир, голем беше бројот и на гости од Охрид, Битола, Скопје, Прилеп и други градови.

-Пријатно сме изненадени од убавината на овој манастир, конаците кои го опкружуваат и од самото место каде што е изграден. За наредните години на одбележувањето на овој празник ќе дојдеме во многу поголем број, бидејќи според она што денес го доживеавме и видовме, овој манастир нуди незаборавна средба и благодат – рекоа Петранка и Трајанка од Прилеп, кои престојуваа во манастирот.

/Нова Македонија

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *