
158
0
Верски календар: 29 Септември
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Михаел, Габриел и Рафаел.
Во Светото писмо пишува дека анѓелите се испратени од Господ и тие се Божја сила. Тие се духовни битиа кои му служат на Господ. Во Светото писмо анѓелите се прикажани во човечкиот лик и ја застапуваат Божјата добрина. Тие се создадени како возвишени сили кои ни помагаат во борбата против злото. Во Светото писмо, свети Михаел се истакнува како небесен војсководач во борбата против Божјите непријатели. Свети Габриел е испратен од Господ. Тој ја известил света Девица Марија дека ќе го роди Спасителот Исус Христос. Свети Рафаел го излечил Тобиј од слепило и затоа го сметаат за заштитник и чувар на здравјето.