Почетна Празници Од католичкиот календар
Од католичкиот календар

Од католичкиот календар

32
0

Вески календар: 19 јануари

КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Германик.

Тој го поднел мачништвото во Смирна во 155 година по Христос. Од него се барало да се одрекне од верувањето во Христос, а кога не се согласил почнале да го мачат. Толку го мачеле, што гледачите во арената се згрозиле и плачеле од ужас, додека Германик и неговите другари останале мирни и покрај големите болки. Со тоа покажале дека Христос е со нив. Во тие часови размислувале само за вечниот живот и вечната радост, презирајќи ги сите земски маки и по еден час мачење, се спасиле од вечната казна. Тоа што ги зачудило прогонителите и мачителите на христијаните е дека и во последните часови од животот во тие маки, им простувале на своите непријатели.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *