Почетна Анализа Објаснување за тоа што значи да се живее заедно како Црквa!
Објаснување за тоа што значи да се живее заедно како Црквa!

Објаснување за тоа што значи да се живее заедно како Црквa!

223
0
  1. ЗАЕДНИЦА – ЗА <> ЕДНО – како ВЕЧНОСТ!

Нашето постоење во овој свет не е производ на некаква слепа случајна еволутивна сила, туку на љубовен животодавен Почеток. Тој Почеток ние го нарекуваме Бог, а Тој себе си се нарекува Оној кој вечно постои / Јахве (2 Мој. 3, 14) и вели дека е наш Отец Небесен кој има свој совечен единороден Син, Кој е негово Слово (Логос) преку кое Тој создава и се пројавува (Јован. 1. 1 – 18), и има совечен Дух Свети – Кој е Животтворец и Животоодржувач (Јован.15.26). Односно, нашиот Почеток, нашиот Творец, е Еден и Единствен Бог во Три совечни Личности со иста божествена природа, суштина, воља и совршенство. Вечниот и беспочетен Отец, од и во вечноста, преку раѓање (разбрано во духовна смисла на зборот), му дарува постоење на својот Син, и од и во вечноста, преку излегување (исходување) му дарува постоење на Светиот Дух.

Овие Три божествени Личности се вечни (трансцедентни, надвор од било кои временско – просторни рамки), зашто Отецот, нашиот Почеток, никогаш не бил без својот Син и без Светиот Дух. Суштината на меѓуличносните односи помеѓу овие Три Личности на Едниот Бог е во полнотата на ЗАЕДНИЦАТА во совршената сеисполнувачка – творечка – жртвено – служечка – блажена ЉУБОВ.

Затоа и апостолот Јован ќе напише дека Бог е ЉУБОВ (1. Јован. 4, glasses емотикон А ако Бог е Љубов, а да се биде, или има љубов, се подразбира дека треба да се има или да постои релација, однос, врска, контакт на примање и давање на таа животоосмислувачка и сеобединувачка животодавна сила.

И затоа што Бог е Љубов, Бог е ВЕЧНА ЗАЕДНИЦА (ЗаЕдно) на Три совршени божествени љубовнотворечки Личности.

============

„8. Филип Му рече: „Господи, покажи ни Го ОТЕЦОТ, и доста ни е!”

  1. Му одговори Исус: „Толку време сум со вас, и не си ли Ме познал, Филипе? Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот, и како ти велиш: »Покажи ни Го Отецот?«
  2. Не верувате ли дека Јас сум во Отецот, и дека Отецот е во Мене? Зборовите што ви ги кажувам, од Себе не ги зборувам; а Отецот, Кој е секогаш во Мене, Он ги врши делата.
  3. Верувајте Ми дека Јас сум во Отецот и Отецот е во Мене. Ако ли, пак, не – тогаш верувајте во Мене заради делата.
  4. Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене, делата што ги вршам Јас и тој ќе ги врши, и поголеми од нив ќе врши; оти Јас си одам при Својот Отец;
  5. и што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви го направам, за да се прослави Отецот во Синот.
  6. Ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го направам.
  7. Ако Ме љубите, пазете ги Моите заповеди.
  8. Јас ќе Го помолам Отецот, и Он ќе ви даде друг Утешител, за да биде со вас довека,
  9. ДУХОТ НА ВИСТИНАТА, Кого светот не може да Го прими, оти не Го виде, ниту Го познава; а вие Го познавате, зашто во вас е и во вас ќе биде.“ (Јован. 14, 8 – 17)

============

Тој, како наш Творец, се што создал, како во духовниот, така и во материјалниот свет, создал да постои по принципот на внатрешниот љубовно – творечки начин на постоење кој постои помеѓу трите Личности на Едниот Бог. Затоа постоењето во ЗАЕДНИЦА е начин на постоење кој е создаден, промислен и благословен од нашиот Творец. И затоа секогаш, било која личност, кога својот живот го осмислува во рамките на некоја љубовно – творечка заедница, таа личност е здрава, осмислена, исполнета и во себе ја чувствува радоста на постоењето и животот.

————

2.ПРОБЛЕМОТ со злото или со злоупотребата на слободата на избор Секој родител го посакува најдоброто за своето дете, но ниту еден родител не може да гарантира каква личност ќе стане неговото дете. Нашиот Творец во духовниот ангелски свет сите ангели ги создаде добри, безгрешни и насочени кон совршенството. Ги создаде како суштества кои ќе можат да учествуваат и да се хранат со неговата љубов и вистина, а тие таа љубов и вистина да ја шират и даруваат на други личности од ангелскиот, а подоцна и од човечкиот свет. Или поконкретно кажано, Творецот, сите од него создадени ангели ги повика слободно и љубовно да учествуваат во вечната ЗАЕДНИЦА на неговото Царство (владеење на вољата Божја низ совршениот начин и поредок на постоење).

Но едно, од многуте ангелски созданија Божји, кое заборави дека е само Божјо создание, иаку со огромна моќ и сознанија од патот на совршенството, поттикнато од својата завидливост – во однос на Творецот – се исполни со гордост и суета и во лудоста на својот болен егоизам се спротистави (сатана – противник) на љубовниот поредок на Царството Божјо. Ова спротиставување на совршениот поредок на постоење во љубов, служење, творештво и хармонија предизвика безредие/ безаконие во ЗАЕДНИЦАТА на Царството Божјо.

Ангелот што се спротистави на совршениот поредок мотивиран од својата завидливост и гордост, иаку херувим (висок степен во ангелската хиерархија), беше изгонет (всушност тој самиот отпадна) од Царството Божјо заедно со една третина од ангелите кои во себе го примија отровот на злото, односно, болната состојба која се јавува во личноста кога таа ја злоупотребува својата слобода и свесно ја насочува против доброто, љубовта и вистината.

Од тој момент, освен ЗАЕДНИЦАТА на Царството Божјо, настана друг начин на постоење (ад / пекол) од отпаднати озлобени ангелски, а по падот на нашите прародители Адам и Ева и од човечки личности, кои обземени и затруени од отровот на злото ширеа и шират: безредие, лага, лажни вредности, уништување, бесмисла, личносно отуѓување, алчност, смрт и најдрско, подло и итро војуваат да ја потиснат и уништат Божјата љубов и вистина во секоја личност во овој свет.

Ivica TodoorvПо падот на нашите преродители Адам и Ева, односно, по нивното отпаѓање од ЗАЕДНИЦАТА на Царството Божјо, во овој наш свет е многу тешко, а скоро и неможно без Божја интервенција и промисла да се изгради и оствари вистинска љубовна ЗАЕДНИЦА по која копнее секоја духовно и љубовно разбудена личност. Сите сме сведоци дека силата на злото која се пројавува преку духовното (личносно) мртвило, завидливоста, гордоста, суетата, егоизмот, алчноста и многу други пројави се обидува да уништи секаков вид на заедница во овој наш свет без разлика дали е таа брачна, пријателска, општествена, државна, духовна или црковна.

Пишува: Отец Ивица Тодоров

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *