Почетна Вести Обиени портите на дворот во црквата Света Софија во Охрид
Обиени портите на дворот во црквата Света Софија во Охрид

Обиени портите на дворот во црквата Света Софија во Охрид

193
0

sНепознати лица ги искршиле бравите на двете метални порти што го оградуваат западниот дел од дворот на катедралната црква Света Софија во Охрид.

Портите беа поставени за да се огради тој простор што се користи како летна сцена за одржување културно-музички манифестации, најчесто во рамки на програмата на Фестивалот „Охридско лето“.

Настанот е пријавен во полиција која вчера извршила увид а лице место, така што останува да преземе активности за расветлување на случајот.

Заклучувањето на просторот наиде на негодувања кај жителите од тој дел на Охрид, барајќи од Дебарско-кичевската епархија портите да бидат отклучени во текот на денот заради непречено движење на пешаците.

Не е познато дали насилното обивање на металните порти кај Света Софија е дело на револтирани граѓани или за листо вандалски чин, останува тоа да го утврди истрагата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *