
2.21K
0
Српските медиуми пишуваат за ново чудо кое се случило во манастирот Острог. Наводно на карпата над манастирот се појавил ликот на Свети Василиј!
Пишувањата се засновани на тврдење на извесен, Стефан Д. од Краљево кој вели дека ликот се појавил откако верниците се поклониле над моштите на светецот.
– Ги сликавме карпите над црквата, каде се моштите на светителот, кои со голо око не може да се видат. Ова го сфативме како Божји дар и милост, – вели Стефан.
Еден од свештениците на верниците им рекол дека често се случува верниците на различен начин да го доживеат и видат Свети Василиј.