Нетанјаху ја отвори црквата на Пресветиот Гроб за католичкиот кардинал по острите реакции

Date:

Share post:

По жестоките критики, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди да му се дозволи пристап до Црквата на Светиот Гроб во Ерусалим на највисокиот претставник на Католичката црква во Светата земја.

Тој ги задолжил надлежните органи да му обезбедат на латинскиот патријарх, кардинал Пјербатиста Пицабала „неограничен и непосреден пристап“ до Црквата на Светиот Гроб, напиша Нетанјаху во ноќта кон понеделник на платформата X.

Пицабала во неделата беше спречен од израелската полиција да влезе во Црквата на Светиот Гроб во Стариот град на Ерусалим во Израел.

Италијанецот сакал да ја служи традиционалната литургија за Цветници во црквата, но бил запрен од израелски полицајци и замолен да се повлече, соопшти Латинската патријаршија на Ерусалим.

Инцидентот го опиша како „сериозен преседан“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img