Наум и Марко служеа во Каменица

Date:

Share post:

Митрополитот Струмички Наум бил гостин на епископот Делчевско-каменички Марко. Литургијата за празникот Сретение Господово, во храмот посветен на „Успение на Пресвета Богородица“ во Каменица ја служел митрополитот Наум, во сослужение со епископот Марко и свештенството од епархијата.

Делчевско-каменичката епархија соопшти дека во својата „вдахновена и длабоко поучна беседа“, Митрополитот Наум се осврнал на евангелската тема за Страшниот Суд, „потсетувајќи дека мерката по која ќе бидеме судени е љубовта кон ближниот.“

-Тој нагласи дека како што се причестуваме со Телото и Крвта Христови и стануваме едно со Него, така сме повикани да бидеме едно и со нашите ближни – во љубов, почит, прошка и милосрдие. Беше истакнато дека не можеме да кажеме дека Го љубиме Бога, ако не го љубиме човекот покрај нас. Причестувањето не е само личен духовен чин, туку заедничарење кое нè обврзува на одговорност кон секој човек како икона Божја, стои во соопштението од епархијата.

По завршувањето на Светата Литургија, во духот на благодарност и признание, Епископот Марко на отец Атанас, му врачилграден крст и камилавка (капа), за 52 години верна и пожртвувана свештеничка служба.

-Овој чин беше сведоштво за благодарноста на Црквата кон неговиот долгогодишен труд, жртва и пастирска грижа, велат од епархијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img