Почетна Вера МПЦ-ОА Најмладите од реканскиот и дебарскиот крај со песна ја прославија Лазарова сабота
Најмладите од реканскиот и дебарскиот крај со песна ја прославија Лазарова сабота

Најмладите од реканскиот и дебарскиот крај со песна ја прославија Лазарова сабота

74
0

Најмладите од реканскиот и од дебарскиот крај со песна ја прославија Лазарова сабота. Организирано со своите родители го посетија Бигорскиот манастир, каде ја пееја Лазаревата песна „Кажи Лазаре“.

Овие прекрасни млади души, на чиишто лица сјаеше празничната радост, со чистина во срцата ни го најавија претстојното Пасхално торжество и преку каланда ни проговорија за Лазаревото Воскресение, кое е вовед во светлото и славно Христово Воскресение. Дечињата, во придружба на своите родители, најпрвин со воодушевување ги пееја каландите во манастирскиот двор, од каде што потоа се упатија кон работната игуменска одаја на нашиот Старецот Епископ г. Партениј, за и нему да му ја пренесат сеопштата радост од Господовото воскреснување на четиридневниот Лазар. Таму тие беа срдечно и радосно пречекани од татковското срце и прегратка на дедото, а потоа и дарувани со традиционалните колачи Лазаринки, со велигденски ламбади и со други подароци, велат од Бигорски.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *