На Вучиќ му се доделува Орденот на новомачениците од Бихаќко-петровачката епархија

Date:

Share post:

На претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре во Белград ќе му биде врачeн Орденот на новомачениците од Бихаќко-петровачката епархија на Српската православна црква. Одликувањето ќе го додели епископот бихаќко-петровачки Сергиј, соопшти Службата за соработка со медиумите при Кабинетот на претседателот на Србија.

Според соопштението, Орденот му се доделува на Вучиќ „за покажаното добротворство и големата љубов кон таа епархија и манастирот Рмањ“. Станува збор за епархиско одликување кое, согласно Уставот на Српската православна црква, епископот на Бихаќко-петровачката епархија го доделува на поединци, колективи и институции за нивниот придонес, верност и поддршка на Црквата и нејзините верници.

Пред Вучиќ, овој орден им бил доделен и на други јавни личности, меѓу кои и политичари како Милорад Додик, Братислав Гашиќ и Александар Вулин, како и на митрополитот Брегалнички, Иларион.

Орденот на новомачениците од Бихаќко-петровачката епархија е востановен во спомен на православните христијани кои пострадале на територијата на оваа епархија во 20 век. Првпат бил доделен во 2019 година, на Душанка Бурсаќ од селото Палучак кај Мартин Брод, за нејзината повеќедецениска грижа и ревност кон манастирот Рмањ.

Одликувањето има форма на вертикално поставен овален медалјон со ликот на Исус Христос, сместен на црвен рамнокрак крст, и се носи околу вратот на црвена лента.

Ова нема да биде првиот орден што му се доделува на Вучиќ од страна на СПЦ. Со одлука на САС на СПЦ, во 2019 година му беше доделено највисокото црковно одликување – Орден Свети Сава од прв ред, по повод одбележувањето на 800 години од автокефалноста на Пеќката патријаршија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img