Почетна Вести На Митровден во Владимирово ќе биде осветена обновената црква „Св Спас“
На Митровден во Владимирово ќе биде осветена обновената црква „Св Спас“

На Митровден во Владимирово ќе биде осветена обновената црква „Св Спас“

376
0

Завршија градежните работи за обнова на црквата „Св. Спас“ во беровско Владимирово која пред две години на денот Задушници, беше уништена до темел од пожар.

Бранко Ужевски, член на Црковниот одбор потенцираше дека во црквата се целосно завршени градежните работи, а до верскиот празник Митровден за кога се планира првата литургија, останува уште да се поплочи подот на црквата со мермерни плочи кои се веќе обебедени.

vladimirovo-2– За да дојдеме до овој степен на обновата на црквата беа потребни огромни средства. Првично, според планот беа потребни околу 1, 5 милиони денари, но ние одамна ги надминавме тие пари. Но, не се откажуваме, имаме разбирање кај луѓето од кои ги обезбедуваме градежните материјали кои ќе нe почекаат со плаќањето. Мора да кажам дека имавме многу донации, не само од владимирци кои помагаа со сe што можеа, туку и од луѓе и фирми од цела Македонија, па и наши иселеници во странство. Сега до Митровден ќе го поплочиме подот со мермер, за да можеме на овие зимски слави кои следуваат, ние, владимирци да се вратиме во нашата црква, рече Ужевски.

Тој додаде дека се потребни уште средства, посебно за изработка на иконостасот.

– Па, според нашите пресметки само за иконостасот се потребни околу 25-30 илјади евра. Ние ќе вложуваме напори да го обезбедиме иконостасот, кој, знам дека нема да биде како стариот кој беше донесен од Света Гора, но ќе биде нов кој ќе ја пишува новата историја. Нашата црква беше една од најстарите во Малешевијата, сега ќе биде една од најновите, а осветувањето сакаме да го направиме за догодина на празникот на црквата Спасовден, рече Ужевски.

Во новата црква чекаат да бидат поставени и десетина донирани икони од кои две се донации од рускиот амбасадор.

Црквата во Владимирово беше една од најстарите цркви во Малешевијата изградена во 1846 година. За причините за пожарот на 1 ноември 2014 се споменуваа запалените свеќи или неисправната инсталација.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *