
На ифтар во Чаир!
355
0
Ова се соседи од улицата „Павле Илиќ” во општината Чаир, кои се подготвиле за ифтар.
Албанци, Македонци, Турци, Бошњаци… Hа оваа фотографија, која е преземена од Фејсбук групата „Чаирска романтика”, има Чаирчани од сите националности.
Чаир е општината која отсекогаш била и е пример за меѓусебно почитување и соживот. Овде муслиманите одат за Божиќ и за Велигден кај православните на гости, а православните на баклава кај муслиманите за нивните два најголеми празници. Вака се чуваат и ценат религијата и обичаите, сликата е доказ за тоа.
Лесен пост, добро здравје, да преовладува чувство на мир и љубов во секого!
/ВЕСТ