На Цветници МПЦ доби уште еден свештеник

Date:

Share post:

ѓаконот Никола Шатровски е новиот свештеник на Македонската православна црква, дел од Скопската Епархија.

Архиепископот Охридски и Македониски, г.г Стефан во неделата на 9 април 2017 година, го ракоположил во презвитерски чин.

Назначувањето на Шатровски во свештенички чин било на денот кога Православната црква го прославува Влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим, или денот попознат како Цветници во црквата Свети Петар и Павле во Ѓорче Петров во Скопје.

По свечената литургија, била одржана свечена академија на која учествувале ученици по етика на религијата и хорот од основните училишта во населба Ѓорче Петров. Репертоарот бил пеење на неколку црковни песни и рецитација на поетски творби.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img