Почетна Вести Свет На аџилак со велосипеди, од Лондон до Медина
На аџилак со велосипеди, од Лондон до Медина

На аџилак со велосипеди, од Лондон до Медина

204
0

Мехмет Кара – Осумчлена екипа на 7 јуни од Лондон со велосипеди тргна на пат кон Медина, каде што има цел да стаса за 60 дена, јавува Anadolu Agency (AA).

Велосипедската група „Тур де хаџ“ (Tour de Hajj) стаса до Истанбул. Нејзините членови во светото место се упатија заради аџилак.

Осум британски муслимани со велосипеди тргнаа на пат долг 6.500 километри. На патот до Медина ќе поминат преку 17 земји. Моментално се во Турција, а до Египет ќе одат со авион бидејќи од безбедносни причини е невозможно со велосипед да се помине патот преку Сирија и Ирак.

„На оние кои сакаат да одат на аџилак, а кои не се финансиски во можност, им препорачувам велосипед“, рече Џунаид Афзаи.

Желба му беше да го види Истанбул.

Дека сите на пат тргнаа со голема возбуда, тврди и Заин Ламбат.

„И јас сум во групата велосипедисти. Повеќе сум задолжен за медиуми. Можам да речам дека на оваа група ѝ се придружив во последен момент. Ова е верско патување. Првпат одам на аџилак и во Саудиска Арабија. Патувањето е битно од неколку причини. Сите ние сме на патот на верата. Сретнуваме бројни луѓе на патот и имаме одлични приказни. Фала му на Бога, добро сме“, појасни Ламбат.

Рече дека и Турција е 15. земја низ која поминале.

„Сега со авион до Египет ќе одиме со авион бидејќи се затворени патиштата по кои требаше да се движиме со велосипеди. Истанбул е прекрасен. Сите сонувавме да го видиме“, порача Ламбат.

Среќен е што во текот на патувањето запознале многу луѓе.

Аџилакот е една од главните верски обврски за верниците муслимани, во чии рамки ги посетуваат светите места за нив – градовите Мека и Медина во Саудиска Арабија.

/A.A

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *