Почетна Вера На 2 милијарди Христијани денеска го слават Велигден
На 2 милијарди Христијани денеска го слават Велигден

На 2 милијарди Христијани денеска го слават Велигден

268
0

Христијаните од целиот свет, католиците, евангелистите, англиканите и останатите цркви кои се водат по грегоријанскиот календар, денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Според проценките околу 2 милијарди Христијани во светот синоќа и денеска ја го одбележуваат чинот на Воскресението, кое е и темел на Христијанството.

Традиционално во сите храмови се служеше полноќна Воскресна литургија. Во Македонија централната литургија што ја предводеше Скопскиот бискуп и апостолски егзарх, Киро Стојанов се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје.

На литургијата присуствуваа претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев, како и директорката на Комисијата за односи со верските заедници, Валентина Божиновска.

-Во оваа година на Милосрдието особено треба да бидеме свесни за тоа дека во Таинството на спасението влезе и нашиот грев. Гревот не само што се врежа во нашата совест и не е само тогаш грев кога ќе го достигне спознанието, туку гревот е во нас рана која бара лекување.

Гревот е длабоко всаден во самото битие на личноста, во нејзиниот однос со Бога. Но, тој однос можно е да се откупи. Тоа значи дека „јас“, како личност, не останувам сам со својот грев. Бог, кој на некој начин е очевидец на мојот грев – очевидец, иако невидлив – не е со мене само за да би ме осудил. Вистина е, тој ми суди со внатрешниот суд на мојата совест, ако не е замолчена и изопачена. Но, тој суд веќе сам по себе е откупувачки. Ако злото го наречеме со вистинското име, со самото тоа веќе ја раскинувам врската со него, се оддалечувам од него. Со тоа што јас знам дека некој грев е зло, тој не престанува да биде мој грев. Но, ако мојот грев го насочам кон Бога, Бог не се свртува против мене. Во мигот на внатрешната возбудливост на човечката совест Бог не носи пресуда, не осудува. Бог чека да му се обрати не како судија туку како милосрден Татко. Св. апостол Павле порачува – каде изобилува гревот уште повеќе обилува милоста, порача Бискупот Стојанов.

Останатиот дел од Христијаните, кои се раководат според јулијанскиот календар, но и православните цркви кои останатите празници ги слават според грегоријанскиот календар, Велигден го прославуваат годинава на 1 мај.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *