Муслиманите и Христијаните заеднички против верскиот екстремизам

Date:

Share post:

Муслиманите и христијаните потпишаа заедничка декларација со која едногласно го осудија верскиот екстремизам и радикализам.

Улогата на религиите во промовирањето на мирот и спречувањето на насилство беше главната тема на дводневниот дијалог меѓу муслиманскиот совет на старешините и на Светскиот совет на црквите (ССЦ) во Женева, Швајцарија од 30 Септември до 1 октомври.

rs117110_photobyalbinhillert_20161001_ahp_1869a-scrНа двете сесии од разговорите беа вклучени презентации и дискусии за клучните аспекти на градење на мирот и меѓурелигискиот дијалог, со особено внимание на борбата против верскиот екстремизам.

Меѓу дел од пораките е онаа дена верските раководства и на христијаните и на муслиманите, треба да биде похрабри отколку што се сега.  Да ги осудуваат сите напади врз друга вера, а не како што сега има моменти кога верските лидери имаат еден вид на тивко одобрување за тоа што го прават нивните следбеници.

rs117132_photobyalbinhillert_20161001_ahp_2198b-scrВо заедничката декларација верските лидери се обврзуваат на поголеми координирани заеднички акции за соочување со феноменот на насилството, преглед на причините за појавата и заедничка работа на предлагање решенија на интелектуално, научно, социјално и образовно ниво за соочување со тој феномен.

-Развојот на настаните во текот на последните години се поголеми од кој било поединец, црква, верска заедница, дури и државата, за да може сами со нив да се соочуваат. Мора да има нова форма на дијалог со кој ќе се менува наративот од беспомошност и конфликт во надеж и ветување, посочуваат верските лидери.

Меѓу преземените обврски од заедничката декларација на муслиманите и христијаните се одбивање на сите форми на екстремизам и дискриминација врз основа на верска, расна, полова и етничка припадност. Поттикнување на духовните лидери да работат со соодветни национални тела и органи за подобрување на презентација и предавање на религијата. Истражување на заеднички начини да се афирмира виталениот придонес на жените, особено на религиозно инспирирани за градење на мирот. Зајакнување и ангажирање на младите луѓе во верските заедници. Поттикнување на прекин на трката зо вооружување, која се заканува на безбедноста на сите народи и поттикнување за користење на националните ресурси за борба против сиромаштијата, незнаењето и болестите кои ги оптоваруваат и сиромашните и богатите земји. Повик кон сите верски лидери да работат и да се стремат за правда и мир за целото човештво.

Верските лидери на муслиманите и христијаните својот дијалог во оваа форма ќе го продолжат во март 2017 година на нова средба во Каиро, Египет.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img