Муслимани и Христијани заедно се молат за жртвите во терористичките напади во Нов Зеланд

Date:

Share post:

Иако австралиските власти апелираа граѓаните да не одат на молитва, по нападите во Нов Зеланд, голем број верници заминаа на молитви за настраданите.

Австралиските медиуми пренесуваат дека во главната џамија во Сиднеј имало најмалку 1000 верници, посочувајќи дека нив им се приклучиле и Христијани, но и политичари, но и членови на парламентот.

Полицијата во Австралија испрати апел до муслиманите да не одат во џамиите поради безбедносни причини, но тие тоа го игнорираа и испратија пораки за заедништво.

Верниците муслимани и нивните соседи од англиканска и католичка вероисповест кои биле дел од заедничката молитва ги обезбедувала полицијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img