Почетна Вести Христијанство МПЦ и БПЦ подготвиле план за натамошни дејствувања
МПЦ и БПЦ подготвиле план за натамошни дејствувања

МПЦ и БПЦ подготвиле план за натамошни дејствувања

1.21K
1

Македонската и Бугарската православна црква подготвиле акциски план за спроведување на одлуката што БПЦ ја донесе на 27 ноември 2017 година, а со која презеде обврска да биде промотор за признавање на автокефалниот статус на МПЦ пред православните цркви.

Ова е единствената официјална информација за вчерашната прва работна средба меѓу комисиите на двете цркви.

Во соопштението од Бугарската Патријаршија, стои и дека архиереите со братска љубов во Христа разговарале за ситуацијата околу Македонската православна црква и нејзиниот канонски статус и единство во името на добрата волја, и братските односи.

Дел од бугарските владици, кои инсистирале на задржување на доверливоста на резултатите од разговорите, пред бугарските медиуми потенцирале дека тие сепак се задоволни од тоа како поминала првата средба.

Покрај седницата на меѓуцрковните комисии, вчера во Софија имало средба и меѓу Патријархот Неофит и Архиепископот Стефан. Во изјавите за националната државна телевизија, тие велат дека очекуваат позитивен исход.

Верскиот аналитичар и новинар од Софија, Горан Благоев вели дека оваа средба е позитивен исчекор, но очекува дека ваквите средби треба да бидат се почести.

-Ова е исклучително пријатно изненадување од Синодот на БПЦ поради брзината и темпото во кое се одвиваат работите, со оглед на тоа дека пред неполн месец Синодот објави дека ќе направи комисија и ќе почнат раговорите. Тие средби треба да станата месечни, вели Благоев.

Засега нема најава дали и кога ќе има нова средба, но со оглед на божиќните и богојавленските празнувања таа најверојатно ќе се случува по 20 јануари.

Коментар(1)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *