Почетна Вести МПЦ бара расветлување на случајот во Љуботен
МПЦ бара расветлување на случајот во Љуботен

МПЦ бара расветлување на случајот во Љуботен

212
0

Скопската православна епрахија при Македонската православна црква – Охридска архиепископија, денеска преку соопштение најостро го осуди вандалскиот и антихристијански чин на сквернавење на православните гробови во с. Љуботен, Скопско.

Од канцеларијата на Скопската православна епархија ги повикуваат надлежните институции, во прв ред Министерството за внатрешни работи, најитно да го расветлат случајот и да ги пронајдат сторителите на овој грозоморен чин и да ги изнесат пред лицето на правдата.

– Апелираме до сите граѓани, особено до православните верници, да нѐ избрзуваат со заклучоците и осудите и да не ја земаат правдата во своите раце, туку да се остават институциите да ги пронајдат вандалите. Ваквото дело го сметаме како кукавички чин, па затоа да останеме трезвени и да не подлегнуваме на провокации, туку да ги зачуваме присебноста, мирот и маѓуетничката и меѓуверска кохезија, стои во соопштението.

Од Скопската православна епархија наведуваат дека очекуваат од Исламската верска заедница и другите верски заедници, од државните институции и дипломатските претставници во земјава – да го осудат овој чин на уништување на православните гробови и да се заложат за што побрзо расветлување на истиот.

– Се прашуваме – дали односот кон покојните православни христијани, е порака и кон живите?! Дотолку повеќе што овој чин на директен атак врз православното наследство и вредностите предизвика кај некого повод за „рафално“ славење, а доаѓа и по едно веќе сторено антиверско дело со осквернувањето на православното крстно спомен-одбележје во населбата Бутел. А, впрочем, и да не ги спомнуваме и многуте други слични настани од поблиското и подалечното минато. Кој има уши – ќе слушне!, стои во соопштението од канцеларијата на Скопската православна епархија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *