Почетна Репортажа Монахињи со чекан в раце го обновуваат Пречистанскиот манастир
nbasl
a-23
a-22
a-21
a-20
a-18
a-17
a-16
a-15
a-14 (1)
a-13
a-12
a-11
a-9
a-7
a-6
a-4a
a-4
a-2a
a-2

Монахињи со чекан в раце го обновуваат Пречистанскиот манастир

2.41K
0

Монахињите од Бигорската обиотел, заедно со монасите и голем број верници активно секојденвно работат на обнова на Пречистанскиот манастир кај Кичево.

Несекојдневна е да се види сликата како монахињите со чекан и хилти в раце, рамо до рамо со монасите и верниците извршуваат градежни работи на манастирот.

Од неодамна Бигорското братство ја почна духовната обнова на манастирот во кој ќе биде сместено сестринство од оба аобител.

-Во манастирот, новото монашко сестринство, благословено од нашиот монахољубив Митрополит г. Тимотеј и духовно родено и израснато од нашиот Старец, Архимандрит Партениј, со апостолска ревност го продолжува делото што го започнале и за кое неотстапно се бореле богоугодните предци, создатели и градители на тој Христов светилник на врв планина. Секојдневните редовни богослуженија, работите во манастирските штали, овоштарници, ливади и пчеларници, производството на сирење, расчистувањето на конаците, нивната доградба и обнова…, се само еден дел од послушаниjата кои Пречистанската Обител Му ги принесува на предобриот наш Бог за  духовна полза и спасение на мнозина. И би било нецелосно ова наше писание, доколку не би ги спомнале со благодарност и долгогодишните верни служители на големата Светиња, дедо Боге и дедо Ѓорги – навистина, дедовци по години од земниот живот, но според душите нивни – мали деца на Пресветата Богородица, кои така искрено и со љубов се грижат за манастирското стопанство и за ќерките Господови. Тука се редовно и нашите млади кичевчани и битолчани, духовни чеда на Старецот, секогаш подготвени пожртвувано да помогнат, велат од Бигорскиот манастир.

Погледнете ја фоторепортажата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *