Почетна Вера Младите од Македонија заминаа на светските младински денови во Краков
Младите од Македонија заминаа на светските младински денови во Краков

Младите од Македонија заминаа на светските младински денови во Краков

210
0

83 млади од Македонија ќе учествуваат на најмасовната католичка манифестација „Светски денови на млади“ во Краков, пишува порталот „Католици.мк“

Овие млади членовите на Католичката црква од Македонија веќе заминале за Краков, откако претходно нивното патување, во црквата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, го благословил, Бискупот и Апостолски Егзарх, Киро Стојанов.

katolici mladi-Ве поздравувам вас, поклониците на 27 меѓународна средба на Светската католичка младина во Краков. Нека е благословен вашиот пат и престој. Со пастирска грижа и љубов сакам да ве поттикнам, а преку вас и сите наши млади од Скопска бискупија и Апостолскиот егзархат во Македонија со срце и со љубов да го почувствувате, но и со живот да го исполните геслото на оваа средба: „Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани, им порачал Бискупот Стојанов.

Групата млади од Македонија на Светскиот ден во Краков ја водат свештениците Томаш Бак од Куманово, Јошт Мезег од Скопје и Атанас Сирачев од Радово.

За време на престој во Краков младите од Македонија ќе ги посетат светилиштата Честохова и Свети Иван Павле II. Покрај тоа ќе учествуваат во програма, која е со разновидна програма и катехези.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *