На празникот на светите славни и сефални апостоли Петар и Павле – Петровден, митрополитот Преспанско-пелагониски Петар отслужи Света архиерејска литургија во Соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола, каде што верниците го одбележаа и именденот на својот архипастир.
На литургијата, покрај митрополитот Петар, сослужуваа протоереј-ставрофор Кирил Трајковски и ѓаконот Крсте Атанасов.
Во евхаристиското собрание учествуваше голем број верници, кои се причестија со Светите Христови Тајни.
По завршувањето на богослужбата, свештенството и верниот народ му го честитаа именденот на митрополитот Петар, посакувајќи му добро здравје, духовна и телесна крепост, мудрост, мир и долгогодишно архипастирско служење на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на верниот народ.
Петровден е празник посветен на светите првоврховни апостоли Петар и Павле, едни од најзначајните личности во историјата на христијанството, а митрополитот Петар го носи името на светиот апостол Петар, поради што овој ден е и негов именден.

