Тројца архиереи сослужуваа на Петровден во храмот „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров

Date:

Share post:

На празникот на светите апостоли Петар и Павле – Петровден, во храмот „Свети Петар и Павле“ во скопската населба Ѓорче Петров беше отслужена света архиерејска литургија на која сослужуваа тројца архиереи на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Со богослужбата чиноначалствуваше Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, а сослужуваа митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф и митрополитот Австралиско-новозеландски Никола.

На литургијата присуствуваше голем број верници, кои молитвено го одбележаа празникот посветен на светите првоврховни апостоли Петар и Павле.

За време на богослужбата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Петровден е еден од поголемите празници во православниот календар, посветен на светите апостоли Петар и Павле, кои се сметаат за едни од најзначајните проповедници на христијанството и столбови на Црквата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img