Митрополитот Агатангел одбележа 28 години архијерејска служба во МПЦ-ОА

Date:

Share post:

Митрополитот Повардарски Агатангел на празникот на светите апостоли Петар и Павле – Петровден одбележа 28 години од неговата архипастирска служба на чело на Повардарската епархија.

По тој повод, митрополитот Агатангел отслужи Света архиерејска литургија во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, во сослужение со бројно свештенство од сите архиерејски намесништва на Повардарската епархија.

На богослужбата присуствуваа голем број верници, а многумина од нив се причестија со Светите Христови Тајни.

По завршувањето на литургијата, беше одбележан јубилејот – 28 години од архипастирската служба на митрополитот Агатангел. Во име на свештенството и верниците од Повардарската епархија, пригодно обраќање имаше протоереј-ставрофор Игор Пармачки, кој му упати честитки и благодарност за, како што беше истакнато, неговото долгогодишно духовно раководење на епархијата.

Во обраќањето беа упатени желби митрополитот Агатангел и во иднина да продолжи со својата архипастирска служба во добро здравје, духовна крепост и на полза на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и верниот народ.

Митрополитот Агатангел прво бше митрополит во Велес во 2000 година, потоа во Штип и од 2006 година, повторно во Велес.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img