Почетна Вера Митрополитот Агатангел: Македонските политичари да се обединат околу националните интереси
Митрополитот Агатангел: Македонските политичари да се обединат околу националните интереси

Митрополитот Агатангел: Македонските политичари да се обединат околу националните интереси

1.57K
3

„Македонскиот ѓердан кој е испелетен од голем број на македонски дијаманти, никако не треба да дозволиме некој да го исече, да го искине, и ткивото македонско да го распарчи на илјадници парчиња” – порача од Прилеп, митрополитот Повардарски, г. Агатангел, алудирајки на актауелната разединетост меѓу Македонците.

Според него, на Македонија не и треба ниту двојазичност, ниту кантонизација, туку, по секоја цена – зачувување на јазикот, културата, нацијата, државата.

Agatangel 1„И она што е национално, националните интереси, државните интереси на народот за опстојувањето на нацијата на државата не треба никогаш да бидат спорни меѓу македонскиот народ. Не ни треба ни двојазичност, ни кантонизација, туку ни треба оваа света македонска земја. Пиринскиот дел ни го земаа, егејскиот дел ни го земаа, ни го земаа и западниот дел од земјата. Остане само вардарскиот дел, кој треба да го чуваме како зеница во окото. Во Австралија, Америка живеат многу нации, над 60 нации. И секоја нација ако бара свој јазик, што ќе стане од таа земја“, посочи владиката.

Митрополитот Агатангел посочи дека сите кои живеат во Македонија, во услови на едно мултикултурно општество, треба да се почитуваат меѓу себе и да градат соживот без никакви поделби, независно од нивната национална припадност.

Коментар(3)

  1. Sto li jade ovoj covek koga e tolku umen. Mnogu umen . Eden od najumnite vo Makedonija. Steta sto ne e politicar , tuku pop, vsusnost vladika e nee pop. Toj e popameten od svojot kolega Petar . I toj e pameten, ali ovoj site gi sie, ramen mu nema nitu vo makedonija, nitu posiroko, mislam na Balkanov , a mozi i posiroko. Mozi treba da pisuva nekoja zbirka na svoite umotvorbi i , religija mk sekogas da gi prenesuva na javnosta oti steta e takva mudrost da ne e dostapna na lugeto vo Makedonija i posiroko.

  2. Politicari, pamet v glava. Bi trebalo pocesto da go prelistuvate govorot na ovoj mnogu umen vladika, ili pak pocesto da odite kaj nego na sovetuvanje , bilo da ste makedonci ili siptari, oti ovoj govor se odnesuva i na dvete frakcii , bez ogled na nacionalnata pripadnost.
    A navistina ne se znae sto jade vladikava sto e tolku umen, samo se znae , a se i vidi deka e mnogu nacitan, nmogu pobozen i religiozen i nmogo golem patriot. Ne se znae na koja stranka e clen i za koja glasa. No toa nema vrska, vazno za sekogo e umen , samo so gospo napred dedo vladika i da te pozivi nmogu gospo da dolgo vaka dzvrkas od pamet

  3. Mnogu ke gresat politicarite ako ne go poslusaat vladikava Agatangel . Toj taka produhoveno zboruva prosto da mu se mili na covekot da go slusa. Po umen e od crnogorskiot vladika Njegos.Toj e praviot nas , makedonski Njegos. Politicari, poslusajte go vladikava Vi se moli Pop Stavre Dolno Pole.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *