Почетна Вести Митра од македонските монахињи и за Папата Франциск
Митра од македонските монахињи и за Папата Франциск

Митра од македонските монахињи и за Папата Франциск

1.59K
4

Папата Франциск се вброи во листата светски христијански поглавари кои во својот кабинет имаат митра, рачно изработена од монахињите од бигорското сестринство. Му ја подари претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски при денешната аудиенција во Ватикан. Станува збор за уникатна и раскошна рачно изработена митра со белег на специфичната македонска култура и уметничка традиција изработена со охридски бисери.

mitra 2Монахињите од манастирот посветен на „Св. Георгиј Победоносец“ во Рајчица, инаку метох на надалеку познатиот Бигорски манастир оваа митра ја изработувале специјално за Папата Франциск. До сега имаат направено околу 700 митри за целиот Православен свет, вклучително и за Вселенскиот, Рускиот, Ерусалимскиот Патријарх.

mitra 1Митрата како што е добро познато е символ на трновиот венец Христов и своевиден потсетник на одговорноста што претстојателот ја носи пред Бога како поглавар на својот народ. Иако пред неколку децении со Ватиканскиот Концил беше укинато носењето на вакви митри, сепак, митрата беше подарена како израз на почит и еден специфичен украс во спомен на пријателството со нашата земја. Желбата на македонската делегација беше оваа митра да го носи белегот на нашата специфична култура и уметничка традиција, нешто што ќе го чува споменот од нашата убава Татковина, па затоа во нејзината изработка е употребен прочуениот Охридски бисер, традиционално произведен од семејството Тилеви, велат сестрите од манастирот во Рајчица, од чии раце, молитвата и трудот е направена оваа митра.

Инаку, покрај оваа митра, македонската делегација на Папата му подари и длабока резба со флора и фауна од Македонија, уметничко дело кое симболизира сплотеност.

Коментар(4)

  1. HRISTOS KAKO STO KAZAVTE NOSEL “TRNOV” VENEC, A NE KRUNA SO POLU DRAGI I DRAGI KAMENJA. I DEKA MITRATA BILA SIMBOL NA TRNOVIOT VENEC E TESKA BEZSMISLICA. NA POCETOKOT STAROEVREJSKITE SVESTENICI I NASITE NOSELE PLATNO NA GLAVATA KOE POVEKE LICELO NA MARAMA, TURBAN. A MITRATA, SAKOSOT, MANDIJATA , ZEZOLOT SETO TOA E COVECKA SUETA I E KOPIJA OD CARSKITE VIZANTISKI OBLEKI.

    1. se slozuvam so tebe, Митра или Митраизам е поврзано со сонцето каде Пајонците (Македонците) го имат култот кон Сонцето многу одамна а денес Православните народи односно Пајонскиот род си го празнува недела како ден на сонцето или Сандеј што викат Англичаните.

  2. Митрата е венец, која првенствено била покривка за главата на старозаветните првосвештеници, и има свои длабоки корени во богослужбениот живот. Старозаветните првосвештеници на своите гради носеле дури и 12 скапоцени камења, и тоа директно по барање на Господ преку устата Мојсеева, а самиот израз „митра“ е земен од 2 – та книга Мојсеева (28, 37; 29, 6). Во Новиот Завет, пак, по примерот на старозаветните првосвештеници и ап. Јован носел венец на главата, нешто за што сведочи и Поликарп Ефески.
    Во почетокот митра носеле само Патријарсите, а епископите почнале да ја употребуваат во богослужението во XVII век. После падот на Константинопол, за време на турското владеење, епископите не само што го претставувале Православието односно биле негови врховни чувари, туку биле и етнарси, го претставувале и народот, биле единствените претставници на Христијаните пред тогашната власт.
    Според Православната Литургика, пак, „митрата го претставува Трновиот венец на Спасителот и воедно укажува на онаа чест и слава со којашто Небесниот Отец Го одликувал Спасителот, и е знак на она високо достоинство што го добил епископот од Христа заради извршување на Свештенодејствијата и делење на даровите во Светите Тајни“. Самиот епископ, освен првосвештеничката служба како пастир на довереното му стадо, ја има и Царската служба како претставник на народот Божји. Без оглед на тоа дека митрата се украсува со скапоцени камења и го претставува царското достоинство кое и на Христа од Бога Отецот му припаѓало, таа истовремено, како што наведов погоре, го претставува и Спасителовиот Трнов венец, чијашто тежина епископот ја зема на себе, тежина која го потсетува на страдањата Христови, страдања кои и тој како епископ духовно треба да ги понесе за доверениот му народ; зашто Спасителот рекол првиот на сите нека ви биде слуга.
    Токму поради важноста на Светото Предание, кое во духовно наследство ни го оставило сето она што денес се случува во богослужбениот живот, Православната Црква не ги отфрла символите кои во неа имаат духовна смисла, бидејќи во Православието „символот го претставува реалното присуство на символизираното“. Не смееме да хулиме на свештените предмети, зашто нивното значење е длабоко и нераскинливо е поврзано со благодатта на Светиот Дух, која осветува сè, и преку која сè има поинакво значење.
    Се извинувам за долгиот коментар, но сметам дека Христијаните не смеат да дозволат да бидат воведени во заблуда. Факт е дека нештата (во случајот со богослужбените одежди) еволуирале, но зарем треба нашите епсикопи да се облечат во костуми и да носат лептир машни? Или, пак, можеби да облечат еден ленен стихар, за никој да не се соблазнува? Да не ја искривуваме вистината, да не се осмелуваме да го менуваме Свештеното Предание.

    1. Митра или Митраизам е поврзано со обожавање на сонцето каде Пајонците (Македонците) го имат култот кон Сонцето многу одамна а денес Православните народи односно Пајонскиот род си го празнува недела како ден на сонцето или Сандеј што викат Англичаните.
      Нема никаква врска со евреинот Мојсеј, библијата е фалсификувана така да читај и историски книги особено од источни автори.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *