Меркел и Папата: Ѕидовите треба да се уриваат, а не да се градат

Date:

Share post:

Германската канцеларка Ангела Меркел и папата Франциск се согласија дека „ѕидовите треба да се уриваат, а не да се градат“, а поглаварот на Римокатоличката црква ги поддржа напорите на Меркел да ја заштити Париската спогодба за климата и покрај повлекувањето на САД.

Денешниот состанок на Меркел и папата траеше околу 40 минути, а една од темите беше самитот на Г-20, кој ќе се одржи на 7 и 8 јули во Хамбург.

Ватикан соопшти дека теми на разговорот беа и борбата на меѓународната заедница против сиромаштијата, тероризмот и климатските промени.

Меркел нагласи дека на папата му го опишала дневниот ред на самитот на Г-20, за кој таа вели дека „претпоставувам дека сме во свет во кој сакаме да работиме заедно, во свет во кој не сакаме да градиме, туку да ги уриваме ѕидовите“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img