853
0
Свети Атанасиј Велики беше масовно прославен во манастирскиот комплекс посветен на овој светец во Село Глуво, на Скопска Црна Гора.
Верниците во голем број беа присутни на манастирската слава, која претставува голем ден за нив. Особено значајно е што жителите на ова место, со свои раце и средства го изградиле овој комплекс.
На славата присуствуваше и бизнисменот Трифун Костовски, кој е голем црковен донатор.