Почетна Вести Европа Макрон и Вартоломеј разговарале за војната во Украина
Макрон и Вартоломеј разговарале за војната во Украина

Макрон и Вартоломеј разговарале за војната во Украина

182
0

Вселенскиот патријарх Вартоломеј и францускиот претседател Еманулем Макрон, разговарале во понеделникот на 22 април во Елисејската палата во Париз. Вартоломеј бил примен на  официјална средба со соодветни почести.

Вселенската патријаршија објави дека Макрон и Вартоломеј разговарале повеќе од еден час.

Претседателот Макрон покажа особен интерес за случувањата во Православната црква, поради тековните воени конфликти во Украина и на Блискиот Исток, и му честиташе на Неговата Светост за недвосмислената и јасна осуда на војната и за примерот што го дава како водечки верски лидер. Патријархот му се заблагодари на претседателот на Франција за поканата за средба и за неговите топли зборови и му го пренесе благословот на Цариградската црква за севкупната успешна организација и одржување на претстојните Олимписки игри во Париз и изрази желба тие да означуваат почеток на примирје, како што се случувало уште во античко време, стои во соопштението.

Вартоломеј имал средби и со Премиерот на Франција и со претседателот на францускиот Сенат.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *