Македонската државно-црковна делегација на прогласувањето на Мајка Тереза за Светица
527
0
Македонија имаше посебно место на светскиот настан во Ватикан. Македонската државно-цркова делегација од првиот ред го следеше чинот на прогласување на Мајка Тереза за Светица.
Во состав на македонската делегација, покрај претседателот Ѓорге Иванов, се и премиерот Емил Димитриев, министрите за надворешни работи и за култура, Никола Попоски и Елизабета Канческа Милевска, Директорката на комисијата за односи со верските заедници, Валентина Божиновска, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, владиката европски Пимен, Декантот на Боигословскиот факултет, Ѓоко Горгевски, бискупот Киро Стојанов, како и претставник на фамилијата на Мајка Тереза
/РЕЛИГИЈА