Почетна Вести Македонска спомен икона во Ерусалим
Македонска спомен икона во Ерусалим

Македонска спомен икона во Ерусалим

930
0

Македонија ќе постави икона во форма на мозаик како спомен обележје во црквата на „Св. Благовестие“ во Ерусалим, Израел, дознава „религија.мк“.

erusalim slika 2Поставувањето на обележјето со македонски натпис ќе се случи на празникот Благовец, на 7 април, а со тоа и Македонија ќе се најде меѓу останатите држави од православниот свет кои веќе имаат поставено вакви и слични спомен обележја во оваа црква во Ерусалим.

-Тоа е од големо значење за Македонија. Многу верници кои патуваат во Ерусалим и кој ја посетуваат црквата честопати се прашуваат зошто, другите држави имаат поставено вакви спомен обележја, а Македонија нема. Тоа е и основната причина за идејата. Во иднина кога туристи од Македонија ќе патуваат во Израел ќе можат да ја видат и македонската икона, но нејзе ќе ја видат и многу туристи од други држави, велат изворите за „Религија.мк“

Според информациите на „Религија.мк“, за поставувањето на иконата мозаик, согласност и благослов дала и Македонската православна црква, преку Архиепископот охридски и македонски, г.г Стефан, а во делегацијата која патува за Израел ќе биде и свештеник на МПЦ од скопската епархија.

Иницијативата и организацијата на поставувањето на оваа македонско обележје е на Туристичката комора на Македонија, која и го организира патувањето, а во организацијата се вклучени и Амбасадата на Македонија во Израел, МНР, како и министерството за Култура.

Македонската делегација во Израел ќе ја предводи заменик министерот за Култура, Драган Недељковиќ.

Истовремено со овој настан, туристичката агенција, „Њу вејс оф травал“, организира и поклоничко патување на околу стотина верници кои ќе присуствуваат на настанот.

Според предвидената програма, македонската делегација, следниот ден на 8 Април ќе постави и венец во спомен на жртвите од холокаустот, во најголемиот музеј на холокаустот во Израел.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *