Почетна Вести Лажен Рабин прелажал половина град и побегнал
Лажен Рабин прелажал половина град и побегнал

Лажен Рабин прелажал половина град и побегнал

108
0

rabin poslaМаж кој бил задолжен во полските училишта да зборува за Јудеизмот и да ги води молитвите, не бил ниту Рабин, ниту пак Евреин, пренесуваат медиумите.

Лицето кое било познато како Јаков Бен Нистел од Израел, всушност бил католички кувар, Јасек Нискота.

Мажот со брада од страните на лицето и со широк шешир изсчезнал од полскиот град Познаној, но малата еврејска заедница сепак му се заблагодарила за се што сторила за нив.

-Му се дивиме на неговата одлучност, научил хебрејски јазик, како и еврејска традиција и молитви, исклучиво слушајќи радио, изјавила Алисија Кобус, претседателка на еврејската заедница во Познаној.

Лагата била откриена кога „Рабинот“ на телевизија го препознала една личност од неговиот роден град, иако неговата плава коса била изфарбана.

На мажот му се изгубила секаква трага.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *