Почетна Вести Христијанство Лавров го откри лицемерието на Руската црква кон Македонија – русољубците потопени
Лавров го откри лицемерието на Руската црква кон Македонија – русољубците потопени

Лавров го откри лицемерието на Руската црква кон Македонија – русољубците потопени

1.43K
2

Рускиот министер за надворешни радоботи, Сергеј Лавров ги потопи сите надежи на русљубците во Македонија за каква било помош на Руската црква во македонското црковно прашање.

Зборувајќи на презентацијата на мозаикот од куполата на храмот Свети Сава во Белград, инаку донација на Русија, Лавров многу прецизно откри каква е и која може да биде улогата на Руската православна црква, а воедно и што е суштината на црковниот спор.

За шефот на руската дипломатија, најважно е што Руската и Српската црква демонстрираат единство во искушенијата што ги имале во Македонија, Црна Гора и Украина.

-Денешниот настан ја симболизира духовната, културната блискост на нашите граѓани, на нашите цркви. Сметам дека е особено важно да го демонстрирам таквото единство во период кога Руската православна црква и Српската православна црква минуваат искушение на издржливост. Сите ние гледаме како Црква се обидува да се вклучи во политички игри, било тоа во Украина, во Црна Гора или во Македонија. Но православната вера секогаш се одликувала со тоа што таа давала доверба на тоа што го прават нашите парохијани, нашите граѓани. Убеден сум дека и овие растрчани времиња нашите цркви ќе ги надминат со достоинство, како што секогаш станувало со православните, порача Лавров од црквата Свети Сава во Белград.

Оваа изјава на рускиот шеф на дипломатијата, не само што е патосирање на русољубците во Македонија, воедно ја откртива и лицемерната улога на Црковна Москва, а најмногу го посочува и политичкото влијание под кое се наоѓа Руската Православна Црква, како дел од државната геополитичка позиција на Русија.

Коментар(2)

  1. Poštovani Makedonci i Makedonxi i i site patrijarhi od M.P.C.
    Lavorov i Vučičic i nivnite Patrijarhi i vladiki koi se na čelo na Ruskata i Srpskata pravoslavna vera , treba edno da znaat deka Makedoniija je Majka na site majki vo Balkanot ,Evropa i svetotot Drevniot Makedonski narod Dardanci da nebeja tolku vernici vo boga nemaja da gi izmislat svoite bogovi i boginji po svoite likovi .A Antičkite Makedonci od drevnite Makedonci gi nasledile bogovite i boginjite A nije denešnite Makedonci nekoi Antičko Makedonski bogovi gi preinašivme vo pravoslavna vera Bogot Il-Ile vo Sveti Ilija Antičko Makedonskata boginja Bogina Afrodita koja imala sin Eneja nije denešnite Makedonci jaboginjata Afrodita ja preinačivme vo Majka božja Marija ,koja imala sin Isus Taka da Mariovskiot kraj bil žarište na ranohristijanstvoto vo Makedonija Makedonskite prosvetiteli Kiril i Metodi Hristijanskata pravoslavna vera ja širele vo celiot balkan i niz cela Evropa .Ova vistina treba da ja znaat Lavorov i Vučić so nivnite pravoslavi patrijarhi

  2. Вистината боли. Но, г-динот Лавров ја зборува вистината, ако мисли на ангажманот на некои наши епископи во Шарената револуција. Не е работа на епископ на Црквата да соборува влади, и особено не да мести премиери на незаконски начин.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *