Почетна Вести Крвава ноќ во Ница, над 70 мртви

Крвава ноќ во Ница, над 70 мртви

291
0

Најмалку 70 луѓе загинаа вечерва во Ница откако четиритонски камион влетал на шеталиште  на најпрометната улица во Ница. Според последните информации објавени од  БИ БИ СИ, меѓу 70 загинати има и над 100 тешко повредени.

nice-france-4Крвавиот настан се случил во четвртокот  на 14 јули, околу 22.3о часот на улицата кога насобраните луѓе го гледале огнометот за францускиот државен празник.

Откако камионот влетал меѓу луѓето настанало стампедо, а според некои медиумски известувања имало и пикање.

Официјално засега не е потврдено дали станува збор за терористички напад, иако возачот на камионот бил застрелан.

Властите во Франција се внимателни во тој поглед со оглед на терористичките напади во Франција во 2015 година.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *