Почетна Вера Коледари со „Вечниот Бог“ кај Претседателот Иванов
17
16
15
14
13
12
11
10
9
8
7
6
5
4
3
2
1

Коледари со „Вечниот Бог“ кај Претседателот Иванов

734
0

Децата од хорот на златните славејчиња утринава ја пееја старо-новата бадникарска песна Вечен е Бог пред домот на семејството Иванови. Во рацете носеа импровизирана пештера со родителите и бебето Исус… свет, свет, свет си пресвет Господе е главниот стих на така наречената божиќкна каланда. Ги пречекаа лично Претседателот, неговата сопруга и синот.

На трпезата посни колачи. Децата добија и новогодишно пакетче па песната продолжи и внатре. Пречек на најмладите бадникари е традиција во претседателскиот дом.

Иницијативата за возобновување на славење на бадник потекнува од манастирот Свети Јован Бигорски и здружението на граѓани бадниково движење. Деца од црквите Св. Богородица и Св. Константин и Елена дојдоа во црквата Св Димитрија од каде во поворка со симболичната Витлеемска ѕвезда во раце тргнаа кон соборниот храм. Таму ги пречека поглаварот Г.г Стефан, а храмот грмеше од бадникарската песна. Архиепископот охридски и македонски задоволен што годинава децата дошле на бадник во храмот во голем број.

Младите си заминаа со бадникарски пакетчиња како награда за симболичното носење на радосната вест-христовото раѓање…

ГАЛЕРИЈА:

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *