Почетна Политичка теологија Која е земјата во која ниту еден млад човек не верува дека Бог го создал светот?
Која е земјата во која ниту еден млад човек не верува дека Бог го создал светот?

Која е земјата во која ниту еден млад човек не верува дека Бог го создал светот?

367
0

Помалку од половина од Исланѓаните тврдат дека се религиозни, а повеќе од 40 отсто од младите Исланѓани се идентификуваат како атеисти.

Истражувањето не успеа да пронајде млади Исланѓани кои ја прифаќаат приказната за создавањето на човекот според Библијата. Дури 93,9 отсто од жителите на Исланд помлади од 25 години веруваат дека светот бил создаден со Големата експлозија, а 6,1 отсто изјавиле дека немаат мислење или мислеле дека светот настанал на друг начин. 0,0 отсто веруваат дека бил создаден од Бога.

islam i demokratijaИстражувањето, кое било направено од компанијата „Maskina“ во име на „Siðmennt“, Етички хуманистичка асоцијација на исландските атеисти, покажа дека 46,4 отсто од Исланѓаните се идентификуваат како религозни, што е најниската бројка до денес. Кај постарите луѓе е забележана поголема религиозна припадност, како 80,6 отсто постари од 55 години се идентификуваат како христијани, а само 11,8 отсто изјавиле дека се атеисти. Истовремено, 40,5 отсто од луѓето на 25 годишна возраст или помлади изјавиле дека се атеисти, а само 42 отсто рекле дека се христијани.

Традиционалните христијански верувања се почести надвор од Рејкјавик, каде 77-90 отсто се идентификувале како христијани, а 7.1-18 отсто биле атеисти, во споредба со 56,2 отсто од луѓето во Рејкјавик кои се идентификувале како христијани и 31,4 отсто како атеисти.

Анкетата открива дури подраматични разлики помеѓу различните генерации во врска со мислењето како настанал светот. Анкетата исто така откри растечки процент на Исланѓани кои го поддржуваат целосното одделување на црквата од државата. Од оние кои изразиле мислење за оваа тема 72 отсто го поддржале целосното одделување на црквата од државата, а 28 отсто биле против.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *