Кој е надлежен архиереј во Австралија?

Date:

Share post:

Се поставува едно суштинско и легитимно прашање: кој е денес надлежен архиереј во Австралија, Никола или пак Петар???

Пишува: Кире Циревски

Доколку новоизбраниот митрополит Австралиско–новозеландски г. Никола е канонски и фактички надлежен од денот на неговиот избор – 19.03.2026 година, како што стои во официјалното соопштение на Светиот Архиерејски Синод, тогаш останува нејасно: Зошто на официјалниот сајт на Австралиско–новозеландската епархија, на 27.03.2026 година, е објавено соопштение донесено на заседанието на Епархиското собрание на 12.01.2026 година – во време кога администратор бил веќе сега разрешениот митрополит Петар?

Доколку новиот митрополит е веќе стапен во должност, тогаш тој наверојатно: бил запознаен со содржината на тоа соопштение; дал согласност за негово актуелизирање и објавување – и со тоа фактички најсигурно тој го прифаќа соопштението и неговиот наратив и содржина?

Овие прашања се особено важни ако се има предвид дека станува збор за текст кој отвора сериозни и чувствителни теми, со потенцијал да внесе немир, недоверба и поделби меѓу верниот народ.

Објавувањето на вакво соопштение, во време кога веќе има нов надлежен архиереј, неминовно создава впечаток на континуитет – не само административен, туку и суштински.

Исто така од денешен аспект после седницата на Синодот но и од содржината на објавеното соопштение од собранието пред доаѓањето на Никола во Австралија по цели два месеци од одржувањето јасно се гледа стратегијата на Петар. Тој всушност се повлече од сцената, но за да управува од зад завесите и со тоа задкулисно да ја диктира политика на управување под плаштот на Синодот и во другата епархија, каде што тој нема никва јуриздикција од 2012 година. Најверојатно Синодот паднал под влијание на Петар до таа мера прифаќајќи ја неговата гнасна реторика на поделби, како и неговата стратегија да се уништи другата епархија? Кој тоа го прави радосен и за каква цел – останува да видиме?

Затоа, со право веруваме дека митрополитот Никола нажалост свесно ја прифатил истата линија на делување давајќи благослов да се објави соопштението и одликите на Епархиското собрание, кои според текстот се мешаат во јуриздикцијата на Сиднејската епархија. Таму се споменуваат непостоечки долгови на цркви кои немаат врска со Петровата траст компанија каде тој сеуште е управник.

Новоизбраниот митрополит не смееше да дозволи ваков пристап, со кој се актуелизираат и официјализираат позиции од претходен период, особено кога тие предизвикуваат сериозни недоумици, вознемиреност и поделби меѓу верниот народ.

Како дел од верниот народ јавно посочувам и му давам до знаење на ченовите на Синодот дека по разрешувањето на Каревски одговорноста е на сите архиереи подеднакво, зашто по сето ова што го видовме преку нејасни сигнали и противречни постапки ни дава за знаење дека стратешки сакаат да ја уништат Сиднејската епархија, иако тоа нема да донеси единство. Но изгледа единството некому му смета!

Сиднејската има свој засебен устав, а црквите свои правилници посебни од оние во Новозеландската. Затоа сега се води ваква игра која заврши во 2012 година, ама по смртта на Тимотеј гледаме дека некој започнува повторно со ноторни лаги да отвора стари рани.

Затоа во овие моменти кога е потребно враќање на довербата, мирот и единството очекуваме одговорност за ваквите изјави, како и јасно позиционирање и нов почеток со избор на архиереј на Сиднејската епархија– зашто Црквата не смее да биде заложник еден на човек, на минати политики, туку сведок на вистината и да нуди пастирска грижа за сите.

Храмовите не смеат да станат простор за продолжување на стари поделби или за наметнување на политики кои го нарушуваат единството, туку место на мир, ред и литургиска полнота.

Како долгогодишен активист ги повикувам црковните општини, како носители на литургискиот и заедничкиот живот во Сиднејската епархија, дека имаат должност најнапред да постапуваат во согласност со епархискиот Устав и активно да бараат од Синодот најбрз избор на архиереј и за нашата Австралиско-сиднејска епархија во лицето на нашиот отец Гаврил.

Синодот треба да го чуе гласот на народот и храбро да донесе одлуки, зашто Црквата не се гради врз нејасност, туку врз вистина.

Не врз континуитет на проблеми, туку врз храброст за нивно надминување. Црквата никако не се гради врз сенки од минатото,туку врз вистина, ред и соборност.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img