Македонци по потекло од Македонија и од Бугарија, заеднички формираа здужение на граѓани кое има за цел да го промовира ликот на Ванѓелија Сурчева Гуштерова, позната како Баба Банѓа, како Македонка. Седиштето на здрушението „Моќната Ванѓа“ е во Сопиште и оваа година на 31 мај ќе одбележи една година од постоењето.
Ванѓа, која е родена на 31 јануари 1911 година во Ново Село Струмичко имала македонско потекло и според целите на ова здружение таа и пропаѓа и на македонската културна традиција.
Целта на ова Здружение е афирмација на животот на младата Македонка, особено нејзините години од детскиот период до триесеттата година од животот.
-Ние собираме информации за нејзиното детство до нејзината младост кога живее во Македонија, имаме неколку активности кои како Здружение сакаме да ги реализираме, велат од Здружението „Моќната Ванѓа“.
Ова здружение не се занимава со пророчките каректеристики на Ванѓа, и со периодот од животото кога таа е популарна во Бугарија, туку сака афирмирање на нејзиниот живот од детството кој поминал во Македонија. За таа цел тие сакаат да воспостават пет активности, кои на еден или на друг начин ќе имаат придонес во развојот на туризмот во Струмичко, но и ќе го истакнат фактот дека Ванѓа е родена како Македонка, со потврдени документи за нејзината македонска народнст и од страна на бугарските власти.
Меѓу зацртаните цели е одбележување на местото во Ново Село, каде младата Ванѓелија, при голема природна меќава, таа преживува, но го губи видот и ослепува. Потоа одбележување на нејзиниот роден ден, изработка на медаљон со ликот на Баба Ванѓа, изработен од сребро и злато. Исто така здружението има за цел да подготви проект за школо за слепи, кое треба д абиде специјализирано за образование на слепи деца, не само во Македонија, туку и во регионот. Меѓу петте цел е и организација на годишни средби за нејзината улога во општеството.
