Уште еден проруски политичар во Грузија обвини за „религиозна војна“ против Грузиската црква

Date:

Share post:

Во Грузија се засилува медиумската војна во пресрет на изборот на новиот Патријарх. По изјавите на Премиерот на Грузија, Иракли Кобахидзе, кој ја обвини опозицијата дека води „антикампања“ против Грузиската православна црква во пресрет на изборот на нов католикос-патријарх, сега и претседателот на парламентот на Грузија, Шалва Папуашвили, изјави дека долгорочната кампања за дискредитација на Грузиската православна црква претставува „религиозна војна“ насочена кон поткопување на духовните темели на нацијата.

Тој ова го изјави пред новинарите по смртта на католикос-патријархот Илија II, кој ја предводеше црквата 48 години и беше една од најпочитуваните личности во грузиското општество.

Папуашвили се повика на интервју од 2004 година, во кое Илија II предупредил за постоење на антицрковна кампања, за која сметал дека е организирана од странство. Според него, целта била да се ослаби влијанието на Црквата и да се замени со „странска идеологија“. Тој ја поврза оваа кампања и со, како што рече, настојувањата на одредени европски политички кругови да ја претворат Европската унија во вид „псевдорелигија“, при што дел од нејзините поддржувачи во Грузија покажуваат „фундаменталистички однос“ кон европските институции.

Папуашвили истакна дека организации кои ја критикуваат Црквата добивале странско финансирање, посочувајќи ја организацијата Sovlab, како и таканаречениот Центар за толеранција, за кој рече дека се претставува како поврзан со институцијата Народен правобранител, иако нема формална врска.

Последните изјави на водечките гузиски политички функционери, според аналитичарите водат кон поставување пропаганда пред јавноста дека изборот на „неподобен“ кандидат ќе биде дело на надворешно влијание и предавство на националните интереси на државата. Ваквиот пристап претставува обид за притисок врз изборот на идниот претстојател на Грузиската православна црква.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img