Чудотворната икона на Богородица Паљурска ќе биде донесена во Битола, предвидена и литија низ Широк Сокак

Date:

Share post:

Верниците од Католичката црква во Битола на 21 ноември ќе имаат можност да се поклонат пред чудотворната икона на Пресвета Богородица Паљурска, позната и како Мајка Божја Утешителка. По тој повод ќе биде организиран молитвен настан со света Литургија и литија низ градот, пишува порталот католици.мк.

Настанот ќе почне во 10 часот со свечен прием на иконата во црквата „Пресвето Срце Исусово“. Во 10.30 часот ќе следуваат сведоштво и катехеза, а во 11.30 часот светата Литургија ќе ја служи монсињор д-р Киро Стојанов, во сослужение со свештеници од Скопската бискупија и Струмичко-скопската епархија.

Во 13 часот е предвидена процесија со иконата низ Широк Сокак. Од битолската парохија ги повикуваат верниците да учествуваат во молитвениот настан и да се помолат пред Богородичната икона.

Иконата на Богородица Паљурска е поврзана со светилиштето во Паљурци, кое претставува едно од најзначајните католички поклонички места во Македонија. Почитувањето на Пресвета Богородица на ова место особено се развило во почетокот на 20 век. Во 1908 година, епископот Епифание Шанов го посветил македонскиот народ на Пресвета Богородица.

Иконата меѓу верниците се почитува како чудотворна, а со светилиштето во Паљурци се поврзуваат сведоштва за услишени молитви и примени благодати по застапништвото на Богородица.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img