Митрополитот Георгиј и епископот Партениј сослужуваа на заупокоената Литургија за игуманија Агнија

Date:

Share post:

Десетгодишнината од упокојувањето на игуманија Агнија беше одбележана со заупокоена архијерејска Литургија во манастирот „Пресвета Богородица – Пречиста“ во Кичево, на која заедно сослужуваа митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј и викарниот епископ Антаниски Партениј.

Литургијата беше отслужена на 14 ноември, на празникот на светите бесребреници Козма и Дамјан, а со неа чиноначалствуваше митрополитот Георгиј.

Во текот на богослужбата, митрополитот Георгиј го ракопроизведе свештеникот Александар Крстаноски во чин протоереј.

По завршувањето на Литургијата беше отслужен парастос за упокоената игуманија Агнија, по што архијереите и присутното свештенство отслужија Трисагија на нејзиниот гроб.

Игуманија Агнија беше игуманија на кичевскиот манастир „Пречиста“, а годинава се навршија десет години од нејзиното упокојување.

Игуманија Агнија е родена во 1935 година во селото Клење, Србија. Монашкиот живот го започнала на 18-годишна возраст, а во 1986 година дошла во манастирот „Пресвета Богородица – Пречиста“ кај Кичево, каде што поминала три децении од својот живот. Како игуманија, се посветила на обновувањето на манастирскиот комплекс и зацврстувањето на монашкиот живот. Починала на 13 ноември 2016 година, на 81-годишна возраст. Во спомен на нејзиниот живот и дело, при нејзиното опело било истакнато дека, иако по потекло Србинка, сите луѓе ги примала подеднакво, без разлика на нивната национална и верска припадност.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img