Митрополитот Наум сослужуваше на Литургијата во родното место на српскиот патријарх

Date:

Share post:

Седумнаесет години од упокојувањето на српскиот патријарх Павле беа одбележани со света архијерејска Литургија во неговото родно место Куќанци, во Пакрачко-славонската епархија на Српската православна црква во Хрватска. На молитвеното одбележување, во неделата, 15 ноември, присуствуваа и архијереи од Српската и Македонската православна црква.

Литургијата ја отслужија митрополитот Будимски Лукијан, митрополитот Струмички Наум и епископот Пакрачко-славонски Јован, во присуство на бројни верници, свештенослужители и монаштво.

Во рамки на одбележувањето беше одбележана и 15-годишнината од архијерејската хиротонија на епископот Јован.

За животот и делото на патријархот Павле, неговото сведоштво на верата и евангелските поуки, беседеше митрополитот Лукијан.

По Литургијата, архијереите и свештенството го благословија славскиот колач и житото во родната куќа на патријархот Павле. Во дворот на неговиот роден дом, присутните засадија дрвја во спомен на блаженоупокоениот српски патријарх.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img