Прегрупирање на влијанието во СПЦ: Јоаникиј во нова позиција, Порфириј и Методиј под притисок?

Date:

Share post:

Внатрешните односи во Српската православна црква би можеле да влезат во нова фаза на прегрупирање на влијанието, при што митрополитот Црногорско-приморски Јоаникиј би можел да добие позначајна позиција, додека патријархот Порфириј и митрополитот Методиј би се соочиле со политички и црковни притисоци. Ваква анализа објави црногорскиот портал VOMinfo, повикувајќи се на свои извори запознаени со случувањата во црковните структури.

Според порталот, промените во политичката сцена во Србија би можеле да се одразат и врз односите во црковното раководство. Во центарот на овие процеси, како што наведува VOMinfo, е митрополитот Јоаникиј, чија позиција наводно се променила по неговото јавно заземање став во поддршка на студентските протести во Србија во март 2025 година.

Тогаш Јоаникиј, заедно со уште петмина архијереи на СПЦ, потпиша писмо во кое се повикуваше на почитување на студентите и нивната борба, по јавните квалификации со кои тие беа напаѓани во дел од црковните и медиумските кругови. Нивниот настап предизвика реакции во српските медиуми блиски до тогашната власт.

VOMinfo оценува дека по најновите политички промени во Србија, Јоаникиј би можел да се најде во поповолна позиција во рамките на СПЦ, додека оние кои биле поблиски до претходната политичка власт би можеле да се обидат да го пренасочат товарот на одговорноста врз патријархот Порфириј и митрополитот Методиј.

Во анализата посебно се споменува и митрополитот Методиј, кој во мај 2025 година беше унапреден во чин митрополит, иако неговата епархија Будимљанско-никшиќка не беше формално издигната на ниво на митрополија. Според авторот, неговото унапредување тогаш се толкувало и како обид за воспоставување рамнотежа во црковното влијание во Црна Гора.

Како важна фигура во овие наводни прегрупирања порталот го посочува митрополитот Иринеј Буловиќ, како и протојерејот Велибор Џомиќ. Според неименуваните извори на VOMinfo, кругот околу нив би можел да се обиде да ја префрли одговорноста за соработката со претходната српска власт врз Порфириј и Методиј, со цел да ја зацврсти сопствената позиција во однос на новите политички околности.

Порталот наведува дека засега нема поголеми потреси во СПЦ, но предвидува дека внатрешните несогласувања би можеле да се интензивираат по формирањето на новата српска влада.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img