Книга на СПЦ отвора дебата за родовата идеологија и современите општествени процеси

Date:

Share post:

Во јавноста се актуелизира дебатата за поимот „родова идеологија“ и неговото влијание врз современите општества, по објавувањето на книгата „Џендер револуција – глобална агенда?“ од авторката Маргерит А. Питерс, во издание на „Духовне речи“, издавачка уставнова на Белградско-карловачката архиепископија при СПЦ.

Авторката, која се занимава со етика на меѓународните организации, во делото анализира развој на современите концепти поврзани со родот, нивната појава во меѓународните институции и нивното влијание врз општествените и културните процеси.

Во предговорот на српското издание, патријархот Српски Порфириј ја оценува книгата како корисен водич за разбирање на идејните основи, механизмите и последиците на овие концепти, истакнувајќи дека тие често се шират преку институционални и законски рамки.

Во анализата се наведува дека поимот „род“ има сложена историја, со корени во академските кругови од средината на 20. век, кога започнува да се прави разлика меѓу биолошкиот пол и социјалниот идентитет. Подоцна, преку различни теоретски пристапи, овој концепт се проширува и станува дел од пошироки општествени дебати.

Особено значајни се меѓународните конференции од 1990-тите години, кога терминот влегува во официјални документи и политики, што придонесува за негово пошироко глобално влијание.

Во јавниот дискурс, поимот „родова идеологија“ се користи на различни начини, често со спротивставени толкувања – од научни и теоретски до политички и културни. Иако доаѓањето на Доналд Трамп на власт пред повеќе од една година донекаде ја стави воук агендата и родовата идеологија во втор план, се чини дека, по политичките пречки на Трамп и републиканците со списокот на Епштајн и непопуларната војна во Иран, сосема е сигурно дека оние актери кои ја гледаат родовата идеологија како суштинско прашање на нивната политичка и идеолошка програма, ќе се вратат на власт на следните избори во Америка.

Книгата ја отвора темата за односот меѓу традиционалните вредности и современите општествени промени, како и за улогата на јазикот, образованието и институциите во обликувањето на тие процеси.

Ова прашање останува предмет на поширока јавна и академска дебата, со различни гледишта за неговото значење и последици во современиот свет.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img